RAW BAR со урма, орев и јагодa (30гр.)

RAW BAR со урма, орев и јагодa (30гр.)

29 ден.
Производител: Виталиа
Шифра на производ: 1250106
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

RAW BAR со урма, орев и јагодa

Raw bar плочката со урма, орев и јагода е уникатен микс од 100% сирови состојки со неодолив вкус и арома обезбедувајќи балансиран нутритивен состав.

Поради минималниот технолошки процес на преработка, сите состојки ги содржат нивните специфични нутритиенти и ензими.

Секоја состојка е посебно одбрана со цел да се добие одличен вкус, но и балансирана нутритивна вредност.

Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин.

Оревот е одличен извор на омега-3 масни киселини, железо, селен, калциум, цинк како и витамините Е и Б. Оревот содржи специфични фитохемикалии кои имаат позитивно влијание врз функцијата на мозокот.

Да не ја заборавиме и суперхраната киноа, која е одличен извор на протеини и растителни влакна, кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во регулација на холестеролот и крвниот притисок.

Овие состојки се надополнети со единствената арома на јагода, која освен што го прави барот вкусен, нуди антиоксиданти за здрав организам.

Raw bar е идеална ужинка за сите возрасни групи, како и лица со посебен режим на исхрана. Уживајте во богатиот вкус на сировите состојки за здраво и исполнето секојдневие.

Погодни за вегани  и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За Виталиа

ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи  од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Читај повеќе..

Контакт

  • (02) 32 17 177
  • (02) 32 17 176
  • contact@vitalia.com.mk

Facebook

Vitalia Shop - Виталиа Никола и др. ДОО © 2018. UKION SHOPS