RAW BAR со урма, смоква, индиски орев и амарант (30гр.)

RAW BAR со урма, смоква, индиски орев и амарант (30гр.)

29 ден.
Производител: Виталиа
Шифра на производ: 1250105
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Raw Bar со урма, смоква, индиски орев и амарант

Овој Raw bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност.

Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин.

Смоквата со својот сладок вкус, содржи големо количество на растителни влакна, калиум, калциум, фосфор. Овие минерали се посебно корисни за зацврстување на коските, да се спречи загубата на калциум како и за превенција против респираторни заболувања.

Индискиот орев е уникатна намирница коjа е препознатлива по придобивките за срцето и крвните садови. Индискиот орев е богат со бакар, кој помага во елиминација на слободните радикали од телото и со тоа во намалување на ризикот од анемија. Што е посебно за индискиот орев е неговата содржина на биоактивната компонента ( пигмент) зеаксантин која е директно апсорбирана од ретината во окото и помага во одржување на здрави очи при процесот на стареење.

Амарантот е нутритивно богата суперхрана, богат со минерали како што е калциум, фосфор и високо ниво на протеини. Амарантот е исто така богат со растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата и ја регулираат макробиотата во организмот.

Пробајте ги Raw bars за секојдневно здраво и вкусно уживање  во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици со овој високонутритивен оброк!

Погодни за вегани  и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За Виталиа

ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи  од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Читај повеќе..

Контакт

  • (02) 32 17 177
  • (02) 32 17 176
  • contact@vitalia.com.mk

Facebook

Vitalia Shop - Виталиа Никола и др. ДОО © 2018. UKION SHOPS