RAW BAR со урма, бадем, чиа и какао (30гр)

RAW BAR со урма, бадем, чиа и какао (30гр)

29 ден.
Производител: Виталиа
Шифра на производ: 1250104
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

RAW BAR со урма, бадем, чиа и какао

RAW BAR плочката со урма, бадем, чиа и какао е идеалната комбинација за исполнет и енергичен ден. Подготвена со 100% сирови високвалитетни состојки и со минимално процесирање се задржани сите витамини, минерали и макронутриенти во нивната природна вредност.

Секоја состојка е посебно одбрана со цел да се добие одличен вкус, но и балансирана нутритивна вредност.

Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин.

Бадемот е одличен извор на протеини, омега-3 масни киселини и е еден од најдобрите извори за витаминот Е, кој помага во борбата со слободните радикали како и против предвремено стареење на кожата.

Надополнет со суперхраната чиа, која претставува непресушен извор на омега-3 киселини и какао, кој нуди слатко-горчлив вкус и богатство од полифеноли.

Не заборавајте на вашиот Raw Bar во секој момент од денот, без разлика дали сте на работа, на факултет, на одмор или вежбање. Возбудете ги непцата и останете здрави и полни со енергија!

Погодни за вегани  и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За Виталиа

ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи  од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Читај повеќе..

Контакт

  • (02) 32 17 177
  • (02) 32 17 176
  • contact@vitalia.com.mk

Facebook

Vitalia Shop - Виталиа Никола и др. ДОО © 2018. UKION SHOPS