Супер Колачи Мед и Млеко (180гр.)

Супер Колачи Мед и Млеко (180гр.)

58 ден.
Производител: Виталиа
Шифра на производ: 2700013
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Супер Колачи Мед и Млеко

Овие колачи се приготвени по уникатен рецепт, со 100% целозрнести житарици и неодоливата комбинација на млеко и природен мед надополнети со арома на ванила.

Збогатени со витамини Б, супер колачите се посебно корисни за подобрување на расположението, регулација на холестеролот како и одржување на здрав организам. Витамините Б се исто така важни за правилна функција на мозокот, нервниот систем и мускулите.

Содржината од  овесни снегулки додава на придобивките за здравјето, со тоа што овесот е намирница богата со растителни влакна (бета-глукани) кои го регулираат холестеролот во крвта. Дополнително, овесот е богат со протеини, витамините А, Д и Б, како и минералите железо, калциум,фосфор, калиум, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум. Богатиот состав со есенцијални аминокиселини го поттикнуваат создавањето на црвени крвни зрнца. Калциумот и магнезиумот во комбинација со витамин Д имаат зголемена апсорпција и ги зајакнуваат коските, кожата и ја одржуваат цврстината на косата.

Покрај тоа, овие колачи содржат и амарант снегулки, кои се богати со протеини, растителни влакна и омега-3 масни киселини.

Уживајте во овој здрав десерт со единствената арома на мед и млеко, дискретната сладост и крцкавост, без додадени адитиви и вештачки ароми.

Погодно за лактовегетаријанци.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За Виталиа

ВИТАЛИА Никола е фирма чија дејност е производство и трговија на производи  од доменот на здравата храна. Нашата основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Читај повеќе..

Контакт

  • (02) 32 17 177
  • (02) 32 17 176
  • contact@vitalia.com.mk

Facebook

Vitalia Shop - Виталиа Никола и др. ДОО © 2018. UKION SHOPS